hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Карабатиќ мотивиран и одморен за нов почеток

karabatic 04 08 2013

Како и сите ракометари на Барселона, така и новојлиите Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ неколку дена порано допатуваа во Барселона да се подготват за стартот на подготовките. Францускиот ас Никола Карабатиќ вечерва како гостин на француската национална телевизија се појави во Палау „Сант Жорди„ арената во Барселона.

Таму на последниот ден од 15 светско првенство во пливачки спортови, Карабатиќ ги бодреше своите сонародници. На кратко се осврна и на почетокот на подготовките на Барса: „Многу сум мотивиран. Никогаш сум немал толку многу долг одмор. Подготвен сум за сите нови предизвици. Фаворити? Можеби сме, но тоа треба да го покажеме на теренот„ ни рече Карабатиќ. Тој никогаш не играл во ист тим со нашиот Кирил Лазаров и на 15 август во Суперкупот на Каталонија двајцата ќе дебитираат за најтрофејната европска ракометна екипа.

Share