hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров пристигна во Барселона

kire barca 030802013

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров доцна синоќа со семејството пристигна во Барселона - неговиот нов дом. Најмалку две години, по потпишаниот договор со првакот на Шпанија, семејството Лазарови ќе живее во областа Кастељдефелс крај морето, на неколку километри од центарот на Барселона.

Лазаров кој по еден месец и презентацијата во својот нов клуб, се враќа во овој град и има два дена да се смести, аклиматизира и подготви за новиот предизвик. Нашиот капитен веќе подолг период тренира во Скопје и Дубровник и подготвен ќе го дочека стартот на подготовки на тренерот Хавиер Пасквал. Ракометарите на Барселона ќе се соберат в понеделник наутро во 8 часот, ќе ги минат медицинските тестови и по првиот тренинг во Барселона, се селат на Андора, каде ќе ги направат подготовките. Дебито на Лазаров е на 15 август во рамките на Каталонскиот Суперкуп.

Share