hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кога Кирил Лазаров настапуваше како Кире Чкров

ovce pole 1

Младинскиот шампионат на Европа во Израел 1994 година беше првото натпреварување за Кирил Лазаров, бранејќи ги боите на националната репрезентација. Малкумина знаат дека малку недостигаше на тоа првенство Лазаров да не настапи, заради едно мало недоразбирање. Во генерацијата со Мисовски, Макаловски, Ангеловски нашиот капитен во сите документи стоел како Лазаров, но во легитимацијата на РФМ неговото презиме било Чкров. Тоа презиме го носеле неговиот дедо и неговиот татко, но Кире во сите документи е Лазаров.

ovce pole 2

Тоа недоразбирање малку фалеше да не му дозволи на нашиот голгетер да ја помине границата и да патува во Израел. Проблемите настанаа на аеродром каде беше увидено дека во сите документи стои презимето Лазаров, а во ракометната легитимација Чкров. Капитенот едвај поминал да ја предводи нашата младинска репрезентација. Подоцна на тој турнир, Македонија ги доби Унгарија и Грција и ремизираше со Чешка за да на крајот го освои петтото место. Лазаров располага со неколку стари легитимации од почетокот на македонското национално првенство, каде што се води како Чкров. После тоа првенство мораше да се одлучи за едно презиме во сите легитимации и документи и го одбра презимето Лазаров. Но како и да го нарекуваат, тој со неговиот талент веднаш ги принуди сите да го запаметат.

Share