hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса и Лазаров дебитираат дома со Сиудад Енкантада

zdrepka ASOBAL 2013

Денес во просториите на ASOBAL беше извршена ждрепката за новата 24 сезона на шпанското ракометно првенство откако лигата ја раководи оваа асоцијација на клубови. Кирил Лазаров ја стартува својата четврта сезона во Шпанија, прва во неговиот нов клуб Барселона со надеж дека ќе ја освои националната титула и ќе биде првиот македонски ракометар во историјата со титули од четири национални првенства во Европа (веќе беше првак во Македонија, Унгарија и Хрватска).

Во првото коло на 13 септември Лазаров и Барса ќе дебитираат во „Палау Блауграна„ против Сиудад Енкантада. Првенството пак ќе брои 30 кола со зимска пауза заради европското првенство во Данска во јануари 2014 година. Првиот официјален меч во Шпанија ќе биде 23 ASOBAL Суперкупот на 8 септември меѓу Барселона и Натурхаус Ла Роха. Завршницата на ASOBAL Купот ќе се одржи на 21 и 22 декември 2013 година, а Final four na 39 издание на Купот на шпанскиот крал на 3 и 4 мај. ASOBAL дополнително ќе ги одреди домаќините на турнирите. Сезоната официјално завршува на 30 јуни.

превземи распоред ASOBAL 2013-2014

Share