hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров ултрапопуларен на социјалните мрежи

Kiril Lazarov Fanpage Romania

Со доведувањето на Никола Карабатиќ и Кирил Лазаров, шпанскиот првак Барселона не доби само на квалитет, искуство и каризматичност, туку и медијатички доби спортисти кои се вртоглаво популарни. Имено Карабатиќ и Лазаров имаат безброј фанови, истомисленици, симпатизери и не само во нивните земји, туку насекаде во Европа.

Така деновиве се појави дури и романска верзија на Twiter профилот на Лазаров, која се надоврзува на многубројните профили на социјалните мрежи во Македонија, Хрватска и Унгарија. Лазаров остана многу популарен и во земјите каде настапуваше, а да не зборуваме за Македонија, каде не може точно да се пресмета неговиот точен број на обожаватели на Facebook или Twiter заради постоењето на неколку профили кои активно или помалку активно функционираат. Последниот пример од Романија сите ги изненади.

Share