hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ждрепката за ASOBAL лигата на 25 јули

Asobal

На 25 јули во просториите на ASOBAL ќе се изврши ждрепката за новата сезона во најсилното шпанско ракометно друштво за сезоната 2013/14. 24тата по ред сезона во ASOBAL лигата ќе биде посиромашна за Атлетико Мадрид, кој повеќе не постои и деновиве ќе се знае дефинитивно која екипа ќе го заземе неговото место и во првенствените мечеви и во ASOBAL Суперкупот.

За неколку дена ќе дознаеме и против која екипа ќе дебитира нашиот Кирил Лазаров во неговиот нов клуб Барселона. Првенството ќе биде поделено во две фази: есенскиот дел до почетокот на декември и пролетниот од фебруари 2014 година по Европското првенство во Данска. Втора година по ред завршницата на Кралскиот Куп ќе биде по принципот FINAL FOUR, како минатиот мај во Логроњо.

Share