hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кире ќе го брани златото од Доха

lazarov4

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ја покани Барселона да учествува на овогодинешниот IHF Супер глоб, кој ќе се одржи во Доха (Катар) од 25-30 август, 2013. Каталонците ја прифатија поканата и му се заблагодари на IHF за шансата да се појави на овој престижен настан.

Поканата стигна по последното замрување на Атлетико Мадрид, кој требаше да ја брани титулата, освоена со Лазаров во ростерот минатото лето. Ова ќе биде прв пат Барселона да учествува ан IHF Супер глоб - турнир кој го играат шампионите на секој континент, плус неколкутимови поканети од организатророт како гости. Лазаров на IHF Супер глоб ќе учествува по четври пат, а во претходните три наврати секогаш играл во финалето: со Ал Саад, со Реновалиа Сиудад Реал и стигна до титулата со Атлетико Мадрид. Оваа година Барселона ќе биде придружувана од европски шампион Хамбург (Германија), шампионот на Азија Ал Рајан (Катар), најдобрата екипа од Африка Етуал де Сахел (Тунис), Пан-американскиот шампион Таубате (Бразил), првакот на Океанија, Сиднеј (Австралија) и два клуба од домаќинот Катар - Ал Џаиш и Ал Саад. Двете групи од по четири тима ќе бидат направени во текот на следните неколку дена. Првите две од секоја од нив ќе се сретнат во полуфиналето, а големото финале ќе биде на 30 август во „Ал Гарафа арена„ во Доха.

Share