hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Екс-Ју елитата во Дубровник

kire odmor 2013 1

Ова се денови на летни одмори и на дистанцирање на мислите од ракометната игра, од напорната сезона, од очекувањата за новата. Кирил Лазаров веќе неколку години годишниот одмор го минува во Дубровник, а овој пат има добро ракометно друштво.

Имено екс-ју асовите на овој спорт, ова лето го одбраа овој хрватски град за идеална локација за летниот одмор. Новите соиграчи на Лазаров во Барселона, Даниел Шариќ и Арпад Штербик, новиот ракометар на Веспрем, србинот Момир Илиќ, како и хрватот кој стана европски првак со Хамбург, Игор Вори се исто така во Дубровник. Вори во сезоната 2013/14 ќе настапува за ПСЖ и ќе се соочи во два натпревари против Лазаров во групната фаза на Лигата на шампионите. Голем дел од овие ракометни асови често другаруваат меѓу себе кога сезоната е во прекин или меѓу две сезони. Така е и овој пат, а овие петмина не се единствени ракометни фаци низ Дубровник ова лето.

Share