hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Роденденски подароци за „фановите„на Кирил Лазаров

kire app

По повод една година од пуштањето во етер на официјалната веб страна на нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, подготвивме изненадување за сите оние кои секојдневно ја посетуваат оваа веб страна и ја следат кариерата на капитенот на нашата ракометна репрезентација. Со оглед на тоа што потпиша двегодишен договор со Барселона, Лазаров најмалку уште две години ќе остане во Шпанија.

Затоа од 07.07.2013 година ја пуштаме во етер шпанската верзија на веб страната, од која сите „фанови„ на Лазаров ќе можат да се информираат за развојот на неговата кариера, сите детали и натпревари, по принципот на македонската и англиската верзија. Исто така изработена е мобилна апликација која деновиве ќе биде достапна за сите смартфони и таблети кои работат на Apple IOS платформата и сите смартфони кои работат на Android платформата, а сите останати кои работат на другите мобилни платформи ќе можат да ја имаат апликацијата преку следната адреса - m.lazarovkiril7.com.

kire navivaci

Со овие новини официјалната веб страна на Кирил Лазаров добива нов лик и го подобрува начинот на комуникација на сите „фанови„ со кариерата на македонскиот ракометен ас.

Share