hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пасквал: „Сакаме да играме со најдобрите„

paski

По ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, веднаш се огласија бубмејкерите, кои ја сврстуваат Барселона меѓу најсериозните фаворити за пласман во Келн на завршниот турнир на големата четворка. Тренерот Хавиер Пасквал е задоволен од изборот на противниците:

„Ќе наидеме на тешка група и заради ПСЖ и заради другите екипи. Но сакаме да се натпреваруваме со најдобрите. ПСЖ е надоаѓачка сила во ракометот и никој не се сомнева во квалитетот на нивните ракометари. Ќе биде задоволство да играме против една таква екипа„ рече Пасквал.

Околу вклучувањето на првакот Хамбург во квалификационен меч, шпанскиот тренер вели: „Ќе ми беше повеќе мило ако Хамбург играше во групната фаза веднаш, но ги прифаќаме правилата на ЕХФ„ заклучи младиот предводник на најтрофејната каталонска екипа за официјалната веб страна на клубот.

Share