hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Познат идеалниот тим на ASOBAL лигата

barca pehar

Ракометните навивачи во Шпанија и Европа го избраа идеалниот тим на ASOBAL лигата за сезоната 2012/2013. Во тимот се наоѓаат четворица играчи на Барса, и тоа голманот Даниел Шариќ, кој доби 24,9 % од гласовите, потоа левото крило Хуанин Гарсија со 47,8 %, десното крило Виктор Томас со 28,5 % и левиот бек Сергеј Рутенка со 32,1 % од гласовите на анкетираните за таа позиција. Досегашниот клуб на Лазаров, Атлетико Мадрид, даде двајца во најдобриот состав на лигата - кружниот напаѓач Хулен Агинагалде доби 52,2 %од гласовите, а средниот бек Јоан Кањељас 14,6 %.

На позицијата десен бек за само три гласа Лазаров не влезе во идеалната седморка, за сметка на Алекс Душебаев, кој минатата сезона настапуваше за Арагон и доби 27,4 % од гласовите. Виран Морос од Барселона е прогласен за најдобар дефанзивец, Гонзало Порас од Ваљадолид е најдобар дебитант, а Хесус Гонзалез од Натурхаус Ла Роха е избран за најдобар тренер.

Share