hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров на „Широк Сокак„ во Битола

kire korzo1

Голем дел од најдобрата македонска репрезентација овој викенд е во Битола на свадбата на репрезентативниот голман и член на Металург, Николче Митревски. Така и семејството Лазаров по подолго време е во градот каде Кире блесна пред 15 години во дресот на Пелистер. Иако останува само еден ден, Лазаров го разбранува градот под Пелистер.

kire korzo2

Вообичаеното битолско кафе на „Широк Сокак„ го потсети Лазаров на неговите моменти минати во Битола, а тоа не остана незабележано од битолчани кои ја користеа секоја прилика да го поздрават капитенот, да побараат автограм, да се фотографираат. Најчесто поставуваното прашење поврзано со неговата прва книга „Седум„ ги задоволи битолчани. Од наредниот месец, за неколку дена, битолчани, како и голем дел од љубителите на Лазаров во другите градови, ќе имаат можност да ја купат книгата на нашиот најдобар ракометар.

Share