hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Дебакл и осмо место за Македонија во Мерсин

navivac-rakomet-makedonija

Медитерански игри - Мерсин (Турција) - 2013 година

Македонија - Тунис 19:35 (10:16)

Македонската ракометна репрезентација го освои осмото место во конкуренција на 10 репрезентации на Медитеранските игри во Турција, по последниот пораз од Тунис со 19:35. Така неславно заврши првиот настап на Македонија на Медитеранските игри.

Мечот почна како и целиот турнир на избраниците на Бошковски и Брестовац. Тунис брзо поведе, а предноста на африканската селекција полека се зголемуваше до 16:10 на полувремето. Црвено-жолтите продолжија без реакција, па и во вториот дел разликата само растеше во корист на Тунис. Поразот од 16 голови на крајот од мечот е еден од најтешките, најубедливите и највисоките во историјата на македонскиот репрезентативен машки ракомет, без разлика за која репрезентација се работи. Против Тунис, како и на целиот турнир, најефикасен беше Филип Лазаров со 4 гола, а по 3 дадоа Филип Талески, Влатко Јовчевски, Мартин Манасков, Стојанче Стоилов и Дарко Георгиевски. Сите останати ракометари што настапија не постигнаа ниту еден погодок.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share