hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Одлична група, среќен сум за мечевите во Париз и Скопје„

kire 29 copy

Веднаш по виенската ждрепка за новата Лига на шампиони, Кирил Лазаров го изрази своето задоволство од противниците во првата фаза. Посебно за некои од нив .

„Искрено посакував да паднеме во иста група со ПСЖ. Тие се нова, многу квалитетна екипа и можеби подобро е да се сретнеме веднаш. Така ќе имаме јасна слика со кого се натпреваруваме. Многу се радувам на мечевите со Вардар Про. Долго време посакував да играм против македонска екипа и еве сега два пати ќе ги одмерам силите со Вардар. Тоа е одлично за македонскиот ракомет, а уште подобро би било ако и Металург влезе во оваа група низ квалификациите. Така групата би привлекла голем интерес во Македонија, а пред европското првенство во Данска тоа е одличен предзнак. Не очекува компетитивна група, на која посебно се радувам и нестрпливо ја очекувам„ ни рече Кирил Лазаров веднаш по изборот на ривалите на неговата Барселона, која веројатно ќе биде меѓу главните фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Кирил Лазаров против Вардар ќе се соочи со неговиот помлад брат Филип. Ако во унгарското првенство играа еден против друг, тогаш за прв пат ќе бидат ривали во Лигата на шампионите.

Share