hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса во група со ПСЖ и Вардар, а можеби и со Металург

barcelona205

Кирил Лазаров и неговиот нов клуб Барселона, вечерва ги дознаа своите пет противници во Лигата на шампионите за сезоната 2013/14. По денешната ждрепка во Виена, шпанскиот првак ќе биде во групата Ц заедно со моќниот француски ПСЖ на Микел Хансен и Даниел Нарцис, македонскиот првак Вардар засилен со новиот спонзор Самсоненко и официјални засилувања како Тоскиќ, Дибиров и Стефан Терзиќ, швајцарскиот Вакер Тун и два противника кои ќе бидат познати по квалификационите турнири, а еден од нив е и турнирот на клубови со Вајлд-карта (Металург, ПИК Сегедин, Монпеље, Висла Плок). Лазаров како играч на Кроација Осигурање Загреб веќе играше против Вардар Про во Лигата на шампионите. Најдобрите четири од секоја група ќе продолжат до осминафиналето, а потоа по нокаут систем во два меча најдобрите четири екипи ќе играат во Келн, во „Ланксес арената„ на завршниот Final four турнир.

Еве го комплетниот изглед на групите:

А група: Веспрем, Кроација Осигурање, Ст. Петерсбург, Рајн-Ловен Некер, квалификант група 3

Б група: Кил, Киелце, Атлетико Мадрид, Колдинг, Данкерк, Цеље Пивоварна Лашко, квалификант група 4

Ц група: Барселона, ПСЖ, Вардар, Вакер Тун, квалификант група 2, победник на турнирот со Вајлд карта

Д група: Алборг, Горење Велење, Флензбург,Натурхаус Ла Роха, квалификант група 1, победникот од квалификациониот меч Фуксе Берлин - Хамбург

Share