hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Барса во август во Хрватска

barcelona81

Хрватските медиуми ја потврдија веста дека големата шпанска Барселона со двете последни засилувања Лазаров и Карабатиќ во август ќе бидат гости во оваа ракометна земја. На 27 август нашиот ас ќе биде дел од спектакуларниот меч во Загреб, на кој ќе настапи со неговиот нов клуб Барселона Интерспорт.

Во салата на „Домот на спортовите„ Барселона ќе ги одмери силите со домаќинот на турнирот Загреб Кроација Осигурување. Тоа ќе биде еден од ретките мечеви на Лазаров против неговата бивша екипа. Овој натпревар е најавен во хуманитарни цели, бидејќи дел од приходот ќе биде одвоен за здружението „Големото срце на малото срце" По хуманитарниот натпревар, и Барселона и Загреб Кроација Осигурање ќе учествуваат на турнирот во Новиград, каде што покрај нив ќе учествуваат уште Брест Мешков и Марибор. Во полуфиналето на 30 август Барселона ќе игра со Мешков Брест, додека Загреб Кроација Осигурање ќе се соочи со Марибор. Финалето на турнирот е следниот ден на 31 август.

Share