hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победена Турција за крај на турнирот

macedonia-handball-em2013

Медитерански игри - Мерсин (Турција) 2013 година

Македонија - Турција 24:23 (9:9)

Македонските ракометари со победа го завршија настапот во групата на Медитеранските Игри, откако денес беа подобри во пресметката со Турција (24:23). Во Адана, која останува со лоши спомени за нашиот ракомет, македонските репрезентативци одиграа солиден меч и му го нанесоа првиот пораз на домашната селекција. Не беше лесно да се заборават разочарувачките порази од Италија и од Србија и да се забележи втората победа во натпреварувањето. Мечот беше со дискретен квалитет и израмнет, па во првото полувреме скоро се беше егал, па и резултатот (9:9). Повисок ритам и подобра реализација се појавијаво второто полувреме, но како што одминуваше времето, концентрацијата опаѓаше, па двете селекции се почесто грешеа. Со повеќе среќа нашите ракометари на крајот стигнаа до минимална победа и го поправија впечатокот по скромните партии во последните две кола. Дарко Георгиевски со седум гола беше најефикасен во таборот на Македонија, Филип Лазаров постигна шест погодоци, додека Стоилов пет пати го најде патот до мрежата на домашната селекција на овие Медитерански Игри. Кај Турција се прослави Челеби со 9 гола. Македонија нема да се бори за медалите, по вина на поразите од Италија и Србија заради кои заврши надвор од пиедесталот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share