hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија немаше сили за пресврт

falanga 36

Медитерански игри - Мерсин (Турција) 2013 година

Македонија - Србија 19:27 (11:13)

Втор пораз во третиот натпревар на Медитеранските игри во турскиот Мерсин за нашите ракометари. Против силната Србија,момците на Андон Бошковски постојано го „ловеа„ противничкото водство, а иако два пати дојдоа до -1, немаа сили за комплетен пресврт. Нашиот северен состав брзо се одлепи и отиде на +3 во 7 минута, со серијата на одбрани на голманот на Вардар Про, Милиќ. Единствено Стоилов со пет гола во првиот дел парираше на Ненадиќ и Илиќ кои ја полнеа мрежата на Даскаловски и Чаневски. Пред одморот, Филип Лазаров и Ојлевски се доближија до србите (11:13). Љубомир Јосиќ со три гола на крајот од полувремето, ја сочува српската предност. Почетокот на вториот дел беше позитивен момент за нашите момци. Чаневски собра 7 интервенции, одбрани и 1 седмерец. Му помогнаа Дарко Герогиевски и Влатко Јовчевски и во 44 минута, Македонија имаше напад за израмнување при 17:18. Но од тој момент настана нова негативна серија, која ја искористи противникот. Марковиќ и Зеленовиќ постигнаа дури 4 неодговорени голови и предноста на Србија до крајот не само што беше недостижна туку и се зголемуваше. Во македонскиот табор Стоилов со 5 и Георгиевски со 4 гола беа најефиксни, а кај Србија Јосиќ со 6 и Илиќ и Зеленовиќ со по 5 гола оставија најдобар впечаток. Против Турција во четвртото коло, Македонија го игра последниот натпревар во групата на своите први Медитерански игри.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share