hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пораз од Италија во Мерсин

stoilov stojance-600x531

Медитерански игри – Мерсин (Турција) 2013 година

Македонија – Италија 20:33 (10:19)

Во вториот меч на Медитеранските игри, попладнево Италија ни одржа ракометна лекција и ни го нанесе првиот пораз од 33:20. Уште по првото полувреме се наѕираше поразот што ни го приредија македонските ракометари. 10:19 по 30 минути игра, а наместо со ангажирана игра во вториот дел, ракометарите потфрлија и во продолжението. Италија ја зголеми разликата на највисоки 13 гола разлика. Апсолутно недозволиво за селекција што има и актуелни репрезентативци на Македонија е да се загуби на ваков начин. За статистика, кај македонската репрезентација најефикасни беа Филип Лазаров со 8 гола и Столе Стоилов и Мартин Манасков со по 4 погодоци. За Италија одличен на голот Вито Фовио со 11 интервенции, а мрежата најмногу ја погоди Микеле Скатар - 10 гола и Фелипе Гета со 6 погодоци.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share