hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мојсоски: „Оваа генерација уште не го кажала последниот збор„

mojsoski-500

Иако играше далеку од максимално подготвен, Наумче Мојсоски и во Швајцарија и со Португалија даде се од себе и на најдобар можен начин ја заокружи сезоната. Тој верува дека ова не е максимумот на неговата генерација и дека во Данска, сите можеме да очекуваме повеќе од досега.

„По поразот во Португалија и двата неуспеси со Шпанија, многумина не отпишаа. Кај нас оптимизмот остана, не исчезна, но истиот дополнително се зголеми откако успеавме да славиме во Цирих и по победата на Шпанија над Португалија. Тоа ни даде енергија да завршиме како што треба. Оваа генерација го заслужува тоа и докажа дека може да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Мислам дека се уште не сме го кажале последниот збор и се надевам на успех во Данска сличен на оној од Србија, бидејќи во Скандинавија има голем број Македонци кои ќе ни дадат поддршка на европскиот шампионат" рече по квалификацијата Наумче Мојсовски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share