hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Кој гол е нај-гол на Лазаров за Македонија?

kire najgol

Преку 1000 постигнати голови за Македонија. Голем дел од нив вградени во историски победи, некои во последните моменти од средбите, кога најмногу треба. И во неделата Кирил Лазаров ја поведе својата репрезентација како секој вистински капитен. Неговиот лоб-седмерец со десна рака во финишот од мечот и денес се раскажува.

Важи за гол за секоја најавна шпица, за „шлаг на тортата„ за прослава на третото европско првенство за Македонија. Но ваквиот тип на голови, не е нов за Лазаров. Тој знаел секогаш да извлече ас од ракавот и да погоди на спектакуларен начин, кога е најпотребно. Се сеќавате ли на последниот гол во големата победа над Русија во групната фаза на светското првенство во Хрватска 2009 година? Токму тој беше симбол на една голема победа, а седмерецот со Португалија заокружува еден квалификациски циклус. Кој од двата гола повеќе ви се допаѓа? Поделете ги вашите коментари на официјалниот профил на Кирил Лазаров на социјалните мрежи...

facebook logo  twiter

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share