hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Алушовски: „Важно ми е да ме паметите како човек„

marakana aljus so kire

Победата над Португалија нашите ракометари добро ја прославија и не го заборавија човекот кој го задолжи македонскиот ракомет, а вчера го одигра последниот натпревар - Стевче Алушовски. Колегите скандираа да остане, но битолчанецот веќе ја донел оваа одлука. По пристојниот подарок од репрезентативците, Алушовски им се обрати на присутните во скопскиот ресторан „Маракана„

„Мојата репрезентативна приказна почна пред 21 година токму во ресторанот „Маракана", судбината сакаше да заврши на истото место. Горд сум на она што го остварив во кариерата, мило ми е што успеав да оставам трага врз македонскиот ракомет, но исто така сум и горд што имав можност да бидам дел од оваа репрезентација, од овој успех, пласманот на Европското првенство во Данска. Ви благодарам за сите прекрасни моменти минати заедно, би порачал само да не ме паметите како ракометар, туку како човек" заврши Алушовски кој најверојатно од РФМ ќе добие функција во ракометната репрезентација.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share