hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Европско првенство со 4 екс-Ју, со 4 скандинавци, но без Германија

AKCIJA4 GOLEMA

По завршувањето на квалификациите, познати се сите 16 репрезентации кои ќе учествуваат на европското првенство во Данска од 12 до 26 јануари наредната година. Големо изненадување е неквалификувањето на Германија, а по четвртото место на светското првенство ќе ја нема и Словенија.

Учесници:

ДАНСКА

ШПАНИЈА

ФРАНЦИЈА

ХРВАТСКА

ШВЕДСКА

СРБИЈА

ИСЛАНД

ПОЛСКА

УНГАРИЈА

РУСИЈА

МАКЕДОНИЈА

НОРВЕШКА

ЧЕШКА

ЦРНА ГОРА

АВСТРИЈА

БЕЛОРУСИЈА

Ждрепката за групната фаза и целиот костур на натпреварувањето ќе биде извршена во Хернинг (Данска) на 21 јуни. До тогаш ќе се знае од кој квалитативен барабан во ждрепката ќе се најде нашата репрезентација. За Македонија тоа ќе биде трето европско првенство по 12 место во Италија 1998 и Србија 2012 година.

Share