hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Можеме и во Катар и во Рио

kire mkd golema

Видно задоволен од волшебната неделна вечер и пласманот на неговото второ европско првенство, капитенот Кирил Лазаров како и што навикнавме гледа многу подалеку од Данска и наредниот континентален собир.

„За нас како Македонија најважен е континуитетот, но нашата главна цел е пласман на Светското првенство во Катар и обезбедување пласман на ЛОИ во Рио. Затоа, ќе се обидеме да се сконцетрираме кон пласман на Мундијалот во Катар што би било круна на оваа генерација. За вечерашниов меч со Португалија, мислам дека непотребно се доведовме во тешка ситуација, бидејќи имавме голема предност. Но, сето тоа беше од брзање. Добро е што на крајот добро се заврши и се надевам на успех во Данска" заклучи најдобриот стрелец на средбата со Поругалија.

Share