hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Сопругата и пријателите дополнително го мотивираа Лазаров

ljubica

Значајот на натпреварот со Португалија одамна беше познат. Ракометарите немаа потреба за дополнителна мотивација, но капитенот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар, а можеби како причина за тоа е враќањето на неговата сопруга Љубица и децата Благојче и Лана од Мадрид. Тие беа присутни во СРЦ „Борис Трајковски„ и го бодреа капитенот.

riker

По подолго време за Лазаров навиваше и неговиот пријател Филип Рикер. Дипломатот кој служеше како амбасадор на САД во нашата земја од 2008 до 2011 година добро се запозна со ракометот, кој претходно беше непознаница за него, и го бодри Кире и Македонија веќе неколку години. За капитенот изненадување беше неговото присуство на трибините, но како и претходно му донесе среќа и европско првенство на нашата најдобра ракометна репрезентација.

Share