hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Обрван и Ристовски со трезвена анализа

obrvan-selektor-golema-610x407

Видно задоволен македонскиот селектор Ивица Обрван им ја честита победата на неговите ракометари и трезвено го анализираше натпреварот :

„Гледам дека сите очекувавте дека ќе победиме. Резултатот е реално многу висок по случувањата на теренот. Сакам да им честитам на моите момци, бидејќи не беше лесно да се игра во последниот меч од сезоната, уморни, повредени . Бевме под притисок, не беше лесно да се игра со императивот да се победи. Затоа голема благодарност до публиката која не носеше и мислам дека заслуживме да се најдеме меѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа. Имавме само два дена да ја анализираме Португалија, со подготовка преку ДВД снимки и два тренинзи. Изненадување за нас беше десниот бек, кој во вториот дел постигна многу голови. Имавме план да играме многу квалитетна одбрана и ќе се сложите дека одбраната и Борко ни го донесоа европското првенство. Кога противникот се доближи, се смиривме, пак профункционира одбраната и на крај преубедливо славевме„

Јунакот на голот Борко Ристовски ја отвори душата по мечот:

„Иако јавноста очекуваше лесна победа, беше многу тешко. Можеби резултатот кажува поинаку, но беше многу тешко. Тие имаат одличен тим, можеби и тие заслужија да се најдат на европско првенство. Ова е голема победа за Македонија по многу тешки услови и се надевам дека еден ден ќе излезат на површина сите наши проблеми. Пред мечот настана раздор во репрезентацијата со отказите за 5-6 репрезентативци од Металург. Тоа е правата вистина и веќе некое време ни ја сервираат приказната за лажни патриоти. Тоа внесе нервоза, некои пред мечот и плачеа од нервоза, но оваа победа има голема тежина„ рече Борко Ристовски на прес-конферција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share