hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

245 пати БРАВО за Стевче Алушовски

aljus slava

Мечот со Португалија беше последен во професионалната кариера на битолчанецот Стевче Алушовски. Единствениот наш репрезентативец кој одигра преку 200 натпревари и го носи националниот дрес од осамостојувањето, токму со репрезентацијата ја завршува кариерата. Долги години Алушовски беше синоним за спортист кој комплетно е посветен на ракометот, живее спортски, се надградува и затоа долго трае.

Професионалноста и квалитетот го направи Алушовски меѓу најтрофејните ракометари во нашата земја. Беше национален првак со четири различни екипи, со репрезентацијата ги одигра сите големи натпреварувања освен мундијалот во Шпанија оваа година. Беше дел од првите генерации кои долго не успеваа да обезбедат големо натпреварување. Подоцна во Италија 1998 година и Египет година подоцна, за прв пат настапи на европско и светско првенство со македонската репрезентација. Беше дел и од тимот кој го освои петтото место во Србија минатата година, а играше и во Гетеборг на олимписките квалификации. Вечерва го одигра псоледниот 245 меч во дресот со државниот грб и со овации беше поздравен. Спортист како Алушовски ретко имала нашата земја и затоа треба безрезервно да се почитуваат неговите дела и да се задржи таков атлета во мак-ракометот и во иднина.

Share