hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија го „визира третиот евро-билет„

AKCIJA3 GOLEMA

Квалификации за ЕП - Данска 2014 година

Македонија - Португалија 26:19 (14:10)

Во заглушувачки амбиент и полна сала, португалците веднаш знаеа што ги очекува. Мечот да се биде или не за нашите репрезентативци, црвено-жолтите го почнаа со гол гостите преку крилото Силва Осорио. Реакцијата на момците на Ивица Обрван беше изнуден седмерец од Наумче Мојсоски и гол од седмерец на капитенот Лазаров. На почетокот од шестата минута, Филип Миркуловски го донесе првото наше водство (2:1).Грешките на португалците брзо ги користеа Лазаров и Миркуловски и во 8 минута за прв пат „побегнавме„ на +2 (4:2). На првиот гол на Стоилов во 11 минута, брзо одговори Тиаго Роча од крилна позиција за 5:4. Но Кирил Лазаров погодуваше од сите позиции, па во 12 минута и од лев бек на ефектен начин за 6:4. Португалците ништо не ни можеа на позиционен напад, но затоа со брз центар погодуваа и тоа фрекфентно. Нивната 5-1 одбрана лесно ја пробивавме, посебно Лазаров кој за половина полувреме постигна 4 гола. Коста во 16 минута го одбрани седмерецот на Наумче Мојсоски за +3, па Темелков по контрата фрлена од Ристовски донесе највисоки 8:5. Тогаш португалскиот селектор Роландо Фреитас побара тајм-аут во 18 минута. Но со два врзани гола на Осорио по наши технички грешки, португалците намалија на 8:7. Фераз со ефектен гол во 22 минута, по подолго време донесе израмнување и го принуди Обрван на тајм-аут при 8:8. Првото исклучување норвешките судии Абрахамсон и Кристијансен му го покажаа на Вилсон Дејвис во 23 минута. Кирил Лазаров од седум метри го врати нашето водство (9:8). Темелков го подигна адреналинот со својот втор гол за 10:8, а Миркуловски виртуозно ги врати највисоките +3. Се разбрани и Борко Ристовски и по неговата четврта интервенција, Темелков од контранапад зголеми на 13:9. Стојанче Стоилов со ефектен гол од пивиотменската позиција на две минути до одморот ни донесе највисоки 5 разлика (14:9). До одморот Алмеида ублажи, но по прикажаното 4 гола предност ветуваа позитивен исход.

 Вториот дел започна тензично, со три минути без гол на двете страни и исклучување на Мореира заради грубиот прекршок за седмерец. Лазаров со својот седми гол ја држи дистанцата (15:11). Борко Ристовски собра две ефектни интервенции, но енигма за него остана Осорио, кој од седмерец во 40 минута намали на 16:13. Во средата одличниот во Цирих, Наумче Мојсоски од чекор првиот гол го постигна за 17:13. Кога португалците преку Фераз се доближија само на два разлика, Лазаров од вториот обид во 45 минута погоди по осми пат за 18:15. Кога Фераз опасно се закани со две „бомби„ од десната бековска позиција, Стоилов проигран од Н. Мојсоски погоди за 19:17. А половина минута подоцна по контрата на Недановски, се одлепивме на 20:17 за тајм-аут на Фреитас. Но Ристовски и Недановски беа во главни улоги и по тајм-аутот. Првиот одбрани зицер, а вториот од контра ги врати најчестите +4. Првиот репрезентативен голман собра 10 одбрани во 53 минута и контурите на играта на Португалија полека паѓаа во вода. Кога Н. Мојсоски погоди по втор пат останаа само уште седум минути, а нашиот противник бркаше 5 гола дефицит. Лазаров од седум метри на ефектен начин со десна рака во 56 минута ги донесе нашите највисоки +6 (23:17). Така без притисок и страв Македонија ја издвојува четвртата домашна победа против Португалија, витална за расплетот во групата.

Во македонскиот табор Кирил Лазаров блескаше со 9 гола, Борко Ристовски собра 12 интревенции, Филип Миркуловски солиден со 5 гола. Кај Португалија се издвоија Осорио и Фераз со по 6 гола. Од 2 квалификациона група Шпанија и Македонија патуваат на европското првенство, а Португалија и Швајцарија ќе чекаат некоја друга шанса.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share