hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Португалија игра поразлично од Швајцарија„

ivica obrvan

По својата прва победа како селектор на Македонија, Ивица Обрван ја смири еуфоријата и опомена дека в недела е нов натпревар и нема да биде лесно да се совлада Португалија, која веќе најавува дека во Скопје не доаѓа со бело знаме.

„Португалија е селекција што е способна да приреди изненадување, негативата од седум гола од првиот меч е нереална, но во секој случај мораме да бидеме внимателни. Не не интересира убавината на играта, најважно е да одиграме квалитетно на теренот и со поддршката од трибините да се создаде една позитивна атмосфера во која ќе се радуваме на големата победа и пласманот на европскиот шампионат. Нема некоја преголема филозофија, ќе играме она што најдобро го знаеме. Во една реченица, мислам дека одбраната ќе биде пресудна, од неа треба да произлезат лесни голови од контри и полуконтри. Португалија е селекција со поинаква игра од Швајцарија. Португалците се тактички попотковани, имаат неколку шутери што не се од екстра класа, но се доволно добри за да не загрозат. Точно е дека сме фаворити, не бегаме од тоа, ќе настојуваме да ги искористиме слабите точки на противникот за да стигнеме до триумф, макар и од еден гол разлика" рече пред новинарите Обрван.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share