hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Промовираната книгата „Седум„ на Кирил Лазаров

kire 14 06 2013 kniga

Најдобриот македонски ракометар официјално ја претстави својата прва автобиографска книга насловена „Седум„ во присуство на голем број гости „Среќен сум, исполнет и задоволен од реализацијата на овој проект. Насловот на делото, бројот на страници (77) и други факти се во знакот на бројот седум.

Зошто токму седум? На 7 јуни беше објавен трансферот во Барселона и оттогаш почнува нов циклус во кој треба да бидат пополнети сите празнини во мојата кариера. Седум е бројот на мојот дрес во македонската репрезентација. Книгата има седум глави, седум фотографии во боја, седум пријатели со блиски ставови пишуваат за мојата кариера", објасни Лазаров.

По промоцијата повеќе од еден час Лазаров делеше книги на сите поканети на оваа промоција, за спомен и со посвета од најдобриот македонски ракометар. Првиот впечаток е дека Лазаров одбра вистински термин за промоција на ова негово дело, кога нацијата се поистоветува со ракометната репрезентација и сонува за пласман на уште едно европско првенство. А патот до таму во своето дело го објаснува токму Кире во својата книга.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share