hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров дебитира во Тулуз на 23 август

kire 13 06 20 13

Подготовките за новата сезона шпанскиот првак Барселона ќе ги почне на 5 август. Веќе е договорен и првиот предсезонски турнир кој ќе му послужи на Хавиер Пасквал да го провери новиот ростер во сезоната 2013/14. Така на 23 и 24 август Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ треба да дебитираат за екипата на Барселона на турнирот во францускиот град Тулуз. Два француски и два шпански клуба ќе се сретнат во двата дена со тоа што нема да играат меѓу себе клубовите од иста земја.

Така ривали на Барса ќе му бидат Феникс Хандбал од Тулуз и Пеи Д Аикс (бившиот клуб на Никола Карабатиќ и сегашен клуб на неговиот брат Лука). Покрај Барселона, Шпанија ќе ја претставува Натурхаус Ла Роха од Логроњес. По неколкугодишни последователни учества на IHF Супер глоуб во Доха, Лазаров оваа сезона нема да може да го брани трофејот освоен минатата сезона со Атлетико Мадрид. Малку фалеше македонецот во Катар да пристигне како играч на Барселона, но по продолжението каталонците ја загубија европската титула и Хамбург заедно со Атлетико Мадрид ќе ја претставуваат Европа.

Share