hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Карабатиќ и Штербик преполни со комплименти за нашиот Кире

karabatic

Во Барселона Лазаров наидува на врвен ростер од професионалци, но и на стари познаници. Со Штербик и Воран Морос македонскиот ракометар настапуваше во Реновалиа Сиудад Реал. Моравме да побараме во нашата архива што мислат за Лазаров неговите нови соиграчи од Барселона

„Кире е извонреден професионалец каков ретко сум сретнал во спортот. Тој направи многу за Македонија. Тој за вас е како Олафур Стефансон за Исланд. Игравме заедно во Веспрем, па во Атлетико Мадрид и одлично соработуваме и другаруваме „ говореше отворено за нашиот ас Арпад Штербик при последното априлско гостување во Скопје при победата на Шпанија над Македонија во квалификациите за европското првенство во Данска.

„Го имате Лазаров. Тој е е страшен играч, светски стрелец. Ја повлече репрезентацијата на Македонија до овие успеси и ја приближи до врвот на светскиот ракомет„ заклучи Никола Карабатиќ пред нашата камера за време на мундијалот во Шпанија во јануари оваа година.

kire sterbik 07 06 2013

Кире со Штербик е во многу близок другарски однос и со оглед на тоа што Барселона ќе им биде трет клуб во кој заедно ќе играат, немаат тајни ниту на професионален план. Со Карабатиќ нашиот ракометар никогаш не играл во ист дрес, а многу ретко играле и еден против друг. Сепак со ракометари кои одлично комуницираат на теренот, а говорат и ист јазик надвор од него како Шариќ, Штербик, Карабатиќ, Рутенка (настапуваше за Словенија и за Пивоварна Цеље Лашко) и Лазаров, шпанскиот првак има мала екс-ју колонија во своите редови.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share