hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров трет македонец во спортското друштво Барселона

ilievskibabunski-kire

Трансферот на Кирил Лазаров во едно од најголемите и најтрофејните спортски друштва во светот е само трет на еден македонски спортист, а прв во ракометната секција. Кошаркарот Владо Илиевски од 2003 до 2005 година го носеше дресот на кошаркарската секција на Барселона и во 2004 година ја освои шпанската АЦБ лига. Неколку години подоцна во 2006 година младиот Давид Бабунски тогаш како дванаесет годишно момче му пристапи на познатата академија „Ла Масиа„ Бабунски и натаму е дел од младинските категории на славната фудбалска екипа и „тропа„ на вратата на првата екипа. Сега Лазаров најмалку две години ќе го носи дресот на ракометната екипа која е прво име со сите категории на европскиот клубски ракомет. Барселона дури 8 пати била европски првак, 5 пати го освоила Купот на куповите, еднаш во 2003 година и ЕХФ Купот.

На домашна сцена Барса 20 пати била национален првак (три пати во серија), 17 пати го подигала Купот на шпанскиот крал, 8 пати ASOBAL Купот, а 15 пати ASOBAL Суперкупот. Барса има серија на трофеи во каталонските натпреварувања, а била првак и во пет лиги пред и за време на Втората светска војна. Со еден збор Лазаров влегува во клубот на врвни ракометари кои го носеле славниот плаво-црвен дрес. Од генерацијата на Баруфет, Масип, Урдангарин, Шчепкин, О Калахан, Икер Ромеро, Ортега, хрватот Патрик Чавар, Перуничиќ, Вујовиќ, Каспер Хвидт, Жером Фернандез, Златко Портнер, Томи Свенсон, Богдан Вента, Драган Шкрбиќ, Дејан Периќ, Игор Вори, Микел Хансен, Ласло Наџи, Лапчевиќ, Лозано, Гаралда, Гихоса и уште многу, многу други легендарни асови биле дел од фамилијата во која од денес член е и нашиот Лазаров.

Share