hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ОФИЦИЈАЛНО: Лазаров е нов член на Барселона

kire za barca

Од денес и официјално европскиот вицешампион и првакот на Шпанија, Барселона го официјализира македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров како свој нов член. Имено откако Атлетико и Лазаров спогодбено го раскинаа договорот, капитенот на нашата селекција постигна договор на две години за личните услови со најтрофејната екипа во историјата на европскиот ракомет. По три сезони минати во Атлетико Мадрид и седум освоени трофеи, Лазаров врти нов лист и Барселона ќе биде негов седми клуб во кариерата по Овче Поле, Борец, Пелистер, Загреб (Кроација Осигурање), Веспрем и Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид).

 

Лазаров веќе ги мина лекарските прегледи и наскоро по репрезентативните обврски ќе одпатува во Каталонија да ги дефинира деталите во договорот и да го избере својот нов дом. Официјалното претставување се очекува на почетокот на август, а во првата недела од овој месец ќе стартуваат и подготовките на екипата на Хавиер Пасквал за новата сезона. Во неа новиот клуб на македонецот ќе се бори за трофите во Лигата на шампионите, ASOBAL Купот, Купот на шпанскиот крал, ASOBAL Суперкупот и во каталонскиот Суперкуп. Судбината сака да дебитира во официјален меч против неговата поранешна екипа Атлетико Мадрид. Нашиот ас е второ засилување на европскиот вицешампион по Никола Карабатиќ, кој официјално со бројот 33 беше претставен во средата.

Share