hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Патот до Данска е трнлив, но минлив„

kire i goce

На собирот на репрезентативците во пресрет на одлучувачките квалификациони натпревари, капитенот Лазаров говореше за дневниот весник „Нова Македонија„ Како и секогаш беше реален оптимист.

„Мораме да веруваме во нашите сили, бидејќи сме селекција која во последните четири години има континуиран настап на големите натпреварувања, кои пак, од друга страна, ни даваат сигурност и надеж дека ќе успееме да продолжиме со настапите и на ова ЕП во Данска. Но патот до Данска е трнлив, но истовремено минлив. Очекувам победи против Швајцарија и Португалија, а дека Шпанија нема да тактизира против Португалија, односно да си поигрува со своето реноме. Најзначајно е здрави и подготвени да го дочекаме дуелот на гости против Швајцарија„ вели најдобриот македонски ракометар и капитен на репрезентацијата Кирил Лазаров за „Нова Македонија„

Share