hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Преку 700 гола за три сезони на Лазаров во мадридски Атлетико

kire 04 06 2013

Кирил Лазаров ја заврши својата тригодишна успешна епизода во шпанскиот клуб од главниот град Атлетико (претходно Реновалиа Сиудад Реал). Статистиката за сите три сезони јасно кажува дека инвидуалниот учинок на македонскиот репрезентативец е импресивна. Лазаров во сите три сезони во овој клуб беше прв клубски стрелец и во ASOBAL лигата и во EHF Лигата на шампионите. Ако се соберат головите во трите сезони во овие две главни натпреварувања, Лазаров има 680 гола во тимот кој го водеше Талант Душебаев. Со головите од останатите 4 натпреварувања: Купот на Кралот, ASOBAL Купот, ASOBAL Суперкупот и IHF Суперглоб, бројката достигнува преку 700 гола. Кога пред три сезони мина од Кроација осигурање Загреб во Реновалиа Сиудад Реал, Лазаров беше убеден во неговиот личен учинок кој детално изгледа вака:

ASOBAL лига

Сезона 2010/11 - Реновалиа Сиудад Реал (30 меча - 127 гола = 4,23 гола по натпревар)
Сезона 2011/12 - Атлетико Мадрид (30 меча - 156 гола = 5,20 гола по натпревар)
Сезона 2012/13 - Атлетико Мадрид (29 меча - 157 гола = 5,41 гола по натпревар)
ВКУПНО: 89 меча - 440 гола = 4,94 гола по натпревар

EHF Лига на шампиони

Сезона 2010/11 - Реновалиа Сиудад Реал (16 меча - 74 гола = 4,65 гола по натпревар
Сезона 2011/12 - Атлетико Мадрид (16 меча - 97 гола = 6,06 гола по натпревар)
Сезона 2012/13 - Атлетико Мадрид (12 меча - 69 гола = 5,75 гола по натпревар)
ВКУПНО: 44 меча - 240 гола = 5,45 гола по натпревар

СЕВКУПНО ASOBAL лига и EHF Лига на шампиони: 133 меча - 680 гола = просек 5,11 гола по натпревар

Share