hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров и Ангеловски на мечот за титулата

kire i brance

Ретко кога нашите ракометни интернационалци имаат можност да ги следат домашните ракометни мечеви. Но во неделата дуелот во СРЦ „Кале„ не беше само дуел за бодови, туку влогот меѓу Металург и Вардар Про беше титула, учество во Лигата на шампионите и тоа директно во групната фаза.

Така на еден ден до почетокот на репрезентативниот собир, Кирил Лазаров и Бранче Ангеловски беа на трибините да го следат мечот, кој подоцна го добија црвено-црните. Со оглед на тоа што во двете екипи играат скоро сите репрезентативци, тоа беше убава можност да се видат нивните перформанси на дело пред мечевите со Швајцарија и Португалија. Ако Лазаров никогаш не настапувал за овие две скопски екипи, тогаш Ангеловски во својата кариера го носел и дресот на клубот од Автокоманда и црвено-црниот дрес на Вардар Про.

Share