hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Периќ испратен како што доликува

peric1

Тим Дејан Периќ - Цеље Пивоварна Лашко 26:23 (11:11)

Спортска сала „Златорог„ - Цеље. Гледачи: 4000

 

Судии: Чретник и Турншек (Словенија)

Тим Дејан Перић:
Периќ (8 одбрани), Џорџиќ (8 одбрана), Матиќ 1, Жвижеј 2, Тоскиќ 2, Балиќ 1,Перуничиќ 2, Лазаров 5, Манасков, Терзиќ 6, Еклемовиќ, Начиновиќ, Брумен 3, Пунгартник 3, Гулиас 1
Тренер: Богослав Перић
Исклучувања: нема
Седмерци: 3/2

Цеље Пивоварна Лашко:
Периќ (5 одбрани), Лесјак (4 одбрани), Кастелиќ, Скубе 3, Потеко 1, Раневски 5, Маргуч, Лек 3, Млакар 3, Разгир, Жабиќ, Зеленовиќ 3, Чавор, Поточник, Журан 1, Јанц 4
Тренер: Станко Андерлух
Искључења: нема
Седмерци: 2/1

peric2

Еден од најголемите ракометари во последните 20 години, Дејан Периќ со спектакуларен и одлично организиран проштален натпревар се прости од активното играње ракомет и во 42 година замина во ракометна пензија. Тоа го направи во друштво на најголемите ракометни пријатели и како што најдобро знае, со победа. Арената „Златорог„ во Цеље беше преполна, а сите актери на прошталниот меч го носеа дресот на популарниот „Перке„ - дресот со број 12. Двајцата македонски асови кои беа составен дел од кариерата на големиот Периќ, Кирил Лазаров и Пепи Манасков го збогатија спектаклот и постигнаа најголем број на голови во мечот, иако овој пат тоа воопшто не беше важно.

Лазаров постигна 5, а Манасков 6 гола. Мечот симболично беше прекинат во 12 минута со судиски тајм-аут и сите актери пиеа пиво од спонзорот на спектаклот. Периќ во својот животен пат многу често бил поврзан со Македонија. Една сезона настапуваше во Пелистер, кога тренер беше неговиот татко Богослав. Со Манасков е во кумство, а Кирил Лазаров му е голем пријател и многу често нашиот капитен напоменувал дека Периќ е еден од неговите животни и спортски идоли. Заедничко им е што во кариерата често играле и за исти екипи: Атлетико Мадрид, Пелистер и Веспрем. Честитки и за организаторот Цеље Пивоварна Лашко, која одбележа една деценија од европската титула и му направи спектакуларен проштален меч на Дејан Периќ.

Секоја чест и за гледачите, меѓу нив и група на македонци кои студираат или работат во Словенија го збогатија настанот, во кој неодолив беше македонскиот шарм.

Share