hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Петар Ангелов успешно опериран

petar angelvo divi

Репрезентативниот голман и член на Металург Петар Ангелов обелодени дека подолго ќе одсуствува од терените, заради операцијата која беше извршена во Загреб, а беше неопходна по неговата повреда. Хируршкиот зафат е изведен пред два дена во Хрватска, а Ангелов веќе се врати во Скопје. Му беше извршен зафат врз менискусот и се очекува да може да се врати на ракометните терени за околу два месеци.Операцијата успешно ја изврши професорот Саша Јанковиќ „Веќе сум во Скопје и одлично се чувствувам. Ме очекува рехабилитација во наредните 60 дена "изјави за официјалната страна на Металург, Петар Ангелов. Тој нема да биде опоравен за квалификациските мечеви против Швајцарија и Португалија кои ќе се одиграат кон средината на јуни месец. Сите ракометни вљубеници му посакуваме брзо опоравување на репрезентативниот голман.

Share