hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

33 трофеј во кариерата на Кирил Лазаров

kire 0405

Освојувањето на националниот Куп на кралот во Логроњо е рекорден 33 трофеј во сјајната кариера на Кирил Лазаров. Јубилејниот 15 куп освоен е на ефектен начин со две повеќе рутински, одколку тешки победи над Барселона и Натурхаус Ла Роха. Ова е шести трофеј во дресот на Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) за капитенот на македонската репрезентација. Покрај три национални Купа, леворакиот македонец има уште една титула во ASOBAL Купот, две одличја во ASOBAL Суперкупот и еден трофеј од IHF Супер глоб. Еве ги сите трофеи во богатата витрина на Лазаров:

Освојувач на IHF Супер глоб:
1 пат (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија))

Национален првак: 14 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија))

Освојувач на националниот Куп: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
1 пат (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
2 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) (Шпанија))

Share