hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Куп титулата останува во Мадрид

kire copa pehar2

Куп на шпанскиот Крал - финале

Натурхаус Ла Роха - Атлетико Мадрид 28:38 (15:18)

Големото финале на Кралскиот Куп не беше само дуел за престижен трофеј, туку и многу повеќе за Атлетико Мадрид. Против Натурхаус Ла Роха мораа да се надминат себеси и да се справат со домашната публика.

Посебен натпревар за браќата Агинагалде кои играа еден против друг. Домашната екипа подобро го почна мечот и со два гола на Тиагус Гонкалвеш поведе со 3:2. Но брзо, уште во седмата минута, полскиот ракометар Мариуш Јуркиевич и нашиот Лазаров го вратија егалот (4:4). Мини-серијата на гостите траеше повеќе од 4 минути со голови само во мрежата на Мартинез. Калман и Балиќ го свртеа резултатот до 4:6 во 9 минута. Ракометарите на Душебаев фатија ритам, Омбрадос се разбрани, немаше лесни голови за домаќините. Леворакиот Паван, понесен од одбраните на Мартинез погоди за 6:7, но Јуркиевич веќе со третиот гол за половина полувреме веднаш возврати. Мартинез одбрани два седмерци по ударите на Лазаров и Канељас, но и покрај тоа Хулен Агинагалде погоди за 7:9 во 17 минута. Од контранападот на Унаи Аирета, Натурхаус намали на -1, а Ивано Балиќ заработи исклучување. Но и со човек помалку, Атлетико побегна. Агинагалде и Канељас погодија од две елаборирани акции и при 9:12, домашниот тренер Гонзалез побара тајм-аут. Давид Квартеро од крилна позиција намали на 10:12, имаше и седмерец со исклучување на Јуркиевич, но Хота Омбрадос го прочита. Најпозитивните моменти во првиот дел, домашната екипа ги искористи и Тиуменцев и Паван донесоа израмнување во 24 минута (12:12). Но квалитетот на екипата од главниот град беше видлив. Канељас и Балиќ ја прекинаа серијата од преку 4 минути без постигнат гол (12:14). Во ефикасен финиш Атлетико Мадрид ја задржа предноста од неколку гола. Така Канељас со уште еден „проектил„ во последната минута највисоко го одлепи гостинот (14:18) Со звукот на сирената Рафаел да Коста ги прати ракометарите на полувреме со +3 за Атлетико Мадрид.

Вториот дел почна со гол на Марко Чурувија и повреда на раката при падот (16:18). Кирил Лазаров со ефектен удар при закана од пасивен напад врати на +3. Калман и Канељас ја продолжија разноврсноста во нападот на екипата на Душебаев. Дури и во 36 минута домашната клупа побара тајм-аут откако Агинагалде предноста ја зголеми на +6 (17:23). И со човек помалку, екипата во темни дресови имаше решение за домашната одбрана. По исклучувањето на Калман, бомбата на Канељас ги одржа највисоките 6 разлика (18:24). Во далеку подобра форма од возвратниот меч со Барса во Лигата на шампионите, Канељас и Јуркиевич за прв пат предноста ја зголемија на 7 разлика (19:26). Почетокот на крајот за Натурхаус беше голот на Калман за 19:27 и исклучувањето на Павон. Со третиот гол на Лазаров и петтиот на Агинагалде (по фантастичната асистенција на Лазаров), на половина од вториот дел, Атлетико Мадрид побегна на 20:29 и извесно беше во чии витрини ќе одседне трофејот од Купот. Со лоб по седмерец Лазаров погоди по четврт пат за да ја исполни својата редовна квота и за прв пат да донесе двоцифрена предност (20:30). Како мечот одминуваше се разигра нашиот ас и со ефектна асистенција за Агинагалде во 50 минута ја потврди лекцијата (22:32). Погоди дури и Гојун за највисоки 12 разлика. До крајот само школска рутина за Атлетико Мадрид и завршување со стил на еден перфектен викенд за Лазаров и другарите.

Кај Атлетико Мадрид фантастични беа Јуркиевич и Агинагалде со по 8 гола и без промашување. Канељас додаде 7, а Лазаров 4 гола. Победничката екипа вечерва личеше на „наштиман оркестер„ Немаше слаба точка. Кај поразената екипа на Натурхаус, Тиагус Петрус Гонкалвеш со 8 гола беше единствена светла точка. Трета последователна Куп титула за Атлетико Мадрид и место во ASOBAL Суперкупот со Барселона на стартот на наредната сезона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share