hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Натурхаус Ла Роха втор финалист

naturhaus

Натурхаус Ла Роха - Пуерто Сагунто 31:25 (18:13)

Поттикнати од домашната публика, ракометарите на Натурхаус Ла Роха го обезбедија местото во финалето на Купот на шпанскиот крал в сабота од 18:30 часот. Во меч со постојано водство на екипата од Логроњо, победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање. Така неделниот меч со Атлетико Мадрид ќе биде четврт во сезоната меѓу овие две екипи. Се сретнаа во полуфиналето на ASOBAL Купот во Виго и Атлетико минимално славеше, а во шампионатот се почитуваше предноста на домашниот терен. Атлетико славеше во 1 коло во „Висталегре„ со 31:23, а во Логроњо во 16 коло домашната екипа го доби мечот со 31:30. На првиот дуел Лазаров постигна 5, а на вториот 7 гола. Сега двете екипи го играат најважниот меч во сезоната. Меч за трофеј и можност за Супер-куп дуел со првакот Барселона на стартот од наредната сезона во октомври.

Share