hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Слатка одмазда на Атлетико против Барселона

kire copa barca

Куп на шпанскиот крал - Полуфинале

Барселона - Атлетико Мадрид 28:31 (8:14)

Само шест дена по елиминацијата од Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид имаше можност за реванш на полуфиналниот меч од националниот Куп. На повредените Шабановиќ и Бараше, му се приклучи и Гарсија Парондо, кој остана во Мадрид .Шестиот ракометен „Ел класико„ ја исполни арената „Паласио де депортес„ во Логроњо. Калман од контранапад по само 40 секунди го отвори резултатот. Томас и Монторо на два пати израмнуваа со удари од надворешните позиции за 2:2. Дури во петатта минута и Омбрадос и Штербик ги впишаа првите интревенции. Агинагалде со својот втор гол во шестата минута,за прв пат донесе +2 за Атлетико Мадрид. Пречесто му испаѓаа топките од раце на Сармиенто и Гојун во брза транзиција, зголеми на 2:5. Одбраната 6-0 на мадриѓаните делуваше одлично, слично како во отворањето на финалето на ASOBAL Купот во Виго. Чави Пасквал го промаши изненадувањето со Микел Агирезабалага, Монторо и Сармиенто во стартниот тим. Така на 8:30 од почетокот на мечот, тренерот на новиот шпански првак, побара прв тајм-аут во полуфиналето. За само десет минути, каталонците примија четири блокади и потрошија 6 топки по технички грешки. Значи одбраната на Атлетико го пронајде лекот за фаворитот. По шест нереализирани напади на двете страни, од седмерец Рокас во 13 минута намали на 3:5. Од истата позиција Лазаров, својот прв гол го постигна за 3:6. 41 годишниот Омбрадос го „скина„ седмерецот на Рокас, по првото исклучување на Масач, точно на половина полувреме. Штербик возврати одбранувајчи го вториот седмерец на Лазаров, а Пасквал комплетно го изротира тимот кој го почна мечот. Јуркиевич од контра, по нова техничка грешка врати на +3 (4:7). Нодесбо со два гола од линијата и првенецот на Раул Ентрериос го доближија црвено-синиот тим до 6:7. Канељас и Агинагалде враќаат по старо за 6:9 во 22 минута. Во 24 минута следеа две исклучувања за Ферер во Атлетико и Сармиенто кај Барселона. Јоан Канељас со третиот гол водството го зголеми на 7:11. Лазаров подготви добар агол за Масач, за највисоки 5 разлика во 27 минута. Монторо со вториот гол ја прекина црната серија на Барса и спушти на 8:12. Но Лазаров од позиција на лев бек го изненади Штербик, а Агинагалде и под фаул го лобува голманот на противникот за 8:14. На 16 секунди до крајот на првиот дел, Душебаев побара минута одмор. Но Канељас го надфрли голот и наместо 7, сепак со високи 6 разлика, Атлетико Мадрид замина на одмор.

Виктор Томас од првата контра во вториот дел намали на 9:14, а потоа и како втор кружен напаѓач даде гол за 10:15. Рутенка за прв пат во игра влезе во 32 минута и веднаш намали на 11:16. Но Атлетико погодуваше се во серија и во вториот дел. Лазаров со својот трет гол врати на стадардно високите +6. Веќе девет последователни напади во вториот дел погодуваа двете екипи. Така Балиќ и Гурбиндо се запишаа меѓу стрелците за 13:18. Томас и Гурбиндо малку ја спуштија „летвичката„ на 15:19 во 39 минута. Но Агинагалде и Јуркиевич не даваа Барса да се доближи (16:21). Дури кога Сармиенто погоди за 18:22 со исклучување за Канељас, навивачите на Атлетико станаа загрижени. Најблислу што дојдоа каталонците се трите гола доцнење по голот на Гурбиндо за 20:23. Атлетико не испрофитира премногу од исклучувањето на Сорондо, па дури четвртиот гол на Лазаров во 50 минута ги врати стандардните 4 разлика (21:25). По брзата реализација на Рутенка, пак нашиот интернационалец превзеде одговорност и погоди од 10 метри за 22:26. Фрустрацијата ги зафати ракометарите на Барселона и Монторо направи груб прекршок брз Канељас за ново исклучување. Нововлезениот Анхел Ромеро зголеми на 23:28 на 7 минути до крајот. Пасквал повика тајм-аут и нареди игра на се и ништо со одбрана 4-2 и брза реализација на нападите. Раул Ентрериос спушти на -4, но Лазаров од невозможен агол погоди за 24:29. Иако Балиќ заработи наивно исклучување во 58 минута, Калман со човек помалку погоди за 26:30. Гурбиндо и Томас во последната минута спуштија на -2, пред Калман да ја запечати судбината на фаворитот од Каталонија. Заслужена радост на Лазаров и другарите и трето последователно финале во ова натпреварување за овој клуб.

Во екипата на Атлетико Мадрид Агинагалде постигна 6 гола како и Канељас и Кирил Лазаров кои заедно беа творците на победата. Разликата во пристапот, во техничките грешки (17 за Барселона, наспроти 7 на Атлетико Мадрид) и во мотивот го однесе Атлетико до финалето на 38 завршница на Купот на кралот и можноста да ја брани титулата. Кај Барса најефикасен капитенот Томас со 8 гола, Гурбиндо постигна 4, а Рутенка и Сармиенто застанаа на по 3 гола. Заслужена втора победа во сезоната на Атлетико Мадрид против Барселона и слатка одмазда за елиминацијата од Лигата на шампионите. Лазаров и другарите ќе се борат за 14 Куп титула на својот клуб и за завршување со стил на оваа турболентна сезона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share