hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико пристигна во Логроњо

kire 0205

Сите четири екипи кои од петок ќе се борат за титулата од Купот на шпанскиот Крал, веќе пристигнаа во Логроњо. Со автобус од Мадрид, екипата на нашиот Кирил Лазаров последна се приклучи во градот домаќин на завршниот турнир. Во последен момент од делегацијата одпадна Гарсија Парондо кој заради повреда, прашање е дали ќе одигра официјален натпревар до крајот на сезоната.

Вечерва избраниците на Талант Душебаев ќе го одржат предпоследниот тренинг пред полуфиналето со Барселона. Четвртфиналната серија од Лигата на шампионите навести дека и големата Барса е ранлива и Лазаров и другарите нема така лесно да ја предадат Куп титулата освоена во Торевиеха минатата година. Второто полуфинале го играат домаќинот Натурхаус Ла Роха и Пуерто Сагунто.

Share