hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Гојун уживаа во спектаклот на „Бернабеу„

kire 01 03

Спектаклот на „Сантијаго Бернабеу„ е сигурно еден од најгледаните спортски настани во 2013 година. Малкумина среќници дојдоа до вредното парче хартија да го следат натпреварот од фудбалската Лига на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во живо. Меѓу 90.000 луѓе на вториот најголем стадион во Шпанија, беа и ракометарите на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров и Јаков Гојун. Двајцата пријатели благодарение на фудбалерот на „кралскиот клуб„ Лука Модриќ беа сведоци на лице место на еден од најспектакуларните натпревари во последниот период.

kire 02 2

Од колоритот на трибините, до промашените шанси, двата доцни гола и шесте минути надополнување, мечот беше толку содржаен како што некогаш не се десет натпревари. „Одлична Борусија, но и Реал не беше воопшто лош. Дадоа се' од себе, го извадија максимумот. Се чувствуваше „немоќта" на Кристијано, кој очигледно дека играше со болки од повредата. Со комплетен Кристијано натпреварот ќе беше уште понеизвесен. Но, сепак Борусија оди во Лондон. Борусија која покажа врвна физичка моќ. Ваков Сантјаго Бернабеу, одамна не сум го видел. Прекрасна атмосфера која не може да се опише само со зборови. Уживав во фудбалските убавини, презентирани од двата тима" коментираше Кире Лазаров по средбата. 90 интензивни минути сеуште ги прераскажуваат ракометарите, кои во слободното време често другаруваат со Модриќ кој како и Гојун од оваа година е во Мадрид, за разлика од Лазаров кој нешто подолго е во главниот град на Шпанија.

kire 01 1

Лазаров веќе се концентрира на наредниот предизвик, кој е завршницата на Купот на шпанскиот Крал, в петок во Логроњо. Ривалот не треба да се претставува - пак Барселона е тимот кој стои на патот до одбрана на титулата.

Share