hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Мак-ракометот најдобро работи на интернет

www

Еден од клучните начини на комуникација со своите „фанови„ ракометните кулоари и симпатизери во новиот милениум се официјалните веб страни на професионалните клубови и врвните спортисти. Оваа година специјализираниот портал за ракомет „Balkan-handball„ ги програси по петти пат по ред најдобрите на интернет за сезоната 2012/13.

Можеби и како одраз на моменталната ракометна мапа на овие простори, стручното жири и публиката, двете награди ги прати во Македонија. РК Металург и ЖРК Металург и нивната официјалната веб страница www.rkmetalurg.mk се прогласени за најдобри на Балканот во конкуренција на клубови и официјалната веб страна Кирил Лазаров www.lazarovkiril7.com за најдобра во конкуренција на професионални ракометари. Еве ги финалните резултати:

 

Клубови:

1. РК и ЖРК Металург 9,49
2. РК Пивоварна Цеље 9,14
3. РК Марибор Браник 8,37

Ракометари и ракометарки

1. Кирил Лазаров 9,22
2. Андреа Лекиќ 8,57
3. Урош Зорман 7,68

Иако постои неполни 10 месеци официјалната веб страна на македонскиот ракометар Кирил Лазаров, веќе го пронајде своето место во спортскиот етер. Благодарност до „Balkan-handball„ за признанието и за сите кои го дадоа гласот за нашиот сајт. Во името на екипата која ја администрира оваа веб страна и самиот ракометар Кирил Лазаров, благодариме за довербата и најава за многу нови изненадување на првиот роденден на официјаната веб страна на Кирил Лазаров на 07.07.

Комплетните резултати од изборот на „Balkan-handball„ можете да ги погледнете ТУКА:

Share