hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Осминафиналето ќе го играме в недела, само не се знае каде и во кој термин

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- B1 0872 xlarge

По вчерашниот расплет во А и Б групите извесно е дека Македонија не може да биде ниту прва, ниту четврта во својата Б група и се знае дека в недела на 25 јануари ќе го игра мечот од осминафиналето. Извесно е дека наш противник ќе биде или Катар или Словенија, а неизвесно е кога и каде ќе се игра тој прв меч од нокаут-фазата.

Ако Македонија победи или ремизира со Австрија и во групата заврши како втора ќе игра во „Али Бин Хамад Ал Атијад арената„ во областа Ал Саад во Доха. Во случај да го загубиме мечот со момците на Јоханесон, ќе се преселиме во „Лусаил арената„ каде го добивме Тунис на првиот наш натпревар на турнирот. Организаторот дополнително ќе ја одреди сатницата за мечевите од осминафиналето кои се поделени во два дена, во недела и во понеделник.

Share