hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Посакуваме убедлива победа, за да не респектираат повеќе„

MAJ 4166 resize resize

Австрија е на дневниот ред кај македонските ракометари уште од раните утрински часови за време на вчерашниот ден. Иако не е лесно да се избрише од главата мечот со Хрватска и развојот на настаните, турнирот не дозволува враќање назад и потребно е фокусот да го насочиме кон мечот со нашиот старт познаник, Австрија на исландскиот селектор Јоханесон.Капитенот Лазаров останува на ставот дека постигнатото до овој момент е респектабилен резултат и дека против Австрија нашиот тим отворено ја најавува фаворитската улога:

"Долго во ноќта не можевме да заспиеме по мечот со Хрватска како и на претходните мечеви, без разлика дали победуваме или сме поразени. Додека се мачевме да заспиеме имавме можност да го изгледаме нашиот натпревар со Хрватска. Искрено не можам да најдам причина поради која нашите глави треба да бидат наведнати. Видовме многу работи во кои можевме да бидеме подобри, а тоа ни дава за право да се надеваме дека во останатите натпревари ќе покажеме и демонстрираме поголема сила. Некои ситници на големи натпревари многу значат. Некои работи во текот на мечот не можете да ги забележите, но кога ќе ја погледнете снимката ги воочувате. Кога добро ќе го анализирате натпреварот ќе се види дека не само што бевме блиску до победа дури можам да кажам дека триумфот ни падна од раце. Мораме да извлечеме поука од грешките што ги правевме и сега целосно се фокусираме на дуелот со Австрија. Без намера да го потценам противникот ние сме фаворити и нема да бегаме од таа улога.

За прв пат ќе кажам дека посакуваме победа и со поголема гол разлика од едноставна причина што не сакаме да се доведеме во ситуација да калкулираме во ниту еден случај ниту пак да избираме противник во осминафиналето. Имаме одличен учинок, три победи и еден пораз и ќе се обидеме да стигнеме до четвртиот триумф и со тоа вториот круг го почнеме како второпласирани во групата. Мислам дека тоа е добра причина следниот противник во осминафиналето уште повеќе да не респектира" изјави на последната средба со новинарите, капитенот Лазаров.

Share