hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Барам малку повеќе внимание во одбраната„

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- VX15720 xlarge

Мечот со Австрија како да е вовед во елиминационите натпревари. Ова е еден од оние дуели кои ракометарите мора да го сватат како да се биде или не. Наша мала предност е тоа што ни одговара и нерешен резултат да ја оствариме целта, која се вика второ место во нашата група. Селекторот би корегирал само малку повеќе внимание во одбраната, за разлика од претходните мечеви:

„Ова е важен натпревар, клучен за нашиот мундијал. Нам ни одговара и бод, но Австрија е во добар ритам. Верувам дека играчите имаат сила и квалитет за уште еден добар и квалитетен натпревар. Одиме понатаму, иако и досега постигнавме многу. Наредниот ривал одигра еднаш нерешено, а загуби два разлика од Хрватска. Играат школски ракомет, долго се заедно и немаат промени, само едно ново име од минатата година. Ги респектираме, но одиме на победа. Мораме во одбраната да бидеме добри и така да имаме контрола над резултатот„ истакна селекторот Ивица Обрван. Тој во последен момент ќе одлучи дали ќе настапи Ацо Јоноски или ќе го заштеди за неделното осминафинале.

Share