hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мојсоски: „Против Словенија цврсто и со тактиката Металург„

mojsovski-slavi-615x400

По изедначеното прво полувреме Македонија во вториот дел за краток временски период го скрши отпорот на Австрија. Иако мечот влезе во конфузија во која имаше обострани исклучувања, но изедначен критериум на судиите, Македонија со сите свои ресурси се оддалечи од противникот Австрија и по трет пат го совлада тимот на Јоханесон во четири меѓусебни дуели:

„Веќе на секое натпреварување играме со Австрија и добро се познаваме. Затоа немаше со што да не изненадат. Успеавме да наметнеме наша игра во нападот, ја збивме одбраната и победата мораше да дојде. Но со млада и полетна и тркачки способна Словенија, ќе мораме уште подобро. Одбраната мора да ни биде поцврста, нападите подолги. Може да биде како Металург пред неколку години кога буквално ја давеше топката со долги напади. Но тие се многу поквалитетен состав од Австрија и ќе се излажеме ако мислеме дека ќе биде лесно„ констатираше Наумче Мојсоски. Плејмејкерот е свесен дека в недела можеби е мечот кој оваа генерација со години го чекаше и треба да се подготват и најмалите детали за мечот со Словенија.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share